(ВИДЕО) Цела Југославија плачеше додека се тресеше пречката – Пеналот на Мијатовиќ кој остави траума за сите времиња!

Сподели

На денешен ден пред 24 години, легендарниот Предраг Мијатовиќ изведе пенал кој Југославија никогаш нема да го заборави.

Има натпревари кои би сакале веднаш да ги избришеме од меморијата, но кои, за жал, никогаш нема да избледат во нашите умови.

Еден од нив беше одигран на 29 јуни 1998 година.

На стадионот „Мунсипал“ во Тулуз, 33500 гледачи присуствуваа на натпреварот кој одлучуваше која селекција ќе избори пласман во четвртфиналето на Мундијалот, Југославија или Холандија.

Холандскиот тим на чело со тренерот Гас Хидинк тогаш се плашеше и трепереше, но ниту избраниците на Слободан Сантрач не сакаа да отстапат. Напротив.

Југославија играше во состав: Краљ, Мирковиќ, Џоровиќ, Комљеновиќ, Петровиќ, Јокановиќ, Михајловиќ, Брновиќ, Југовиќ, Стојковиќ, Мијатовиќ.

Холанѓаните излегоа со: Ван дер Сар, Рајзингер, Стам, Франк де Бур, Нуман, Давидс, Роналд де Бур, Сидорф, Коку, Бергкамп, Овермарс.

фото: PROFIMEDIA

Холандија поведе со голот на Денис Бергкамп, на асистенција на Франк де Бур во 38. минута. Бергкамп беше посилен во дуелот од Мирковиќ и потоа шутираше, а топката заврши во мрежата под рацете на Краљ.

Израмнувачкиот гол го донесе Слободан Комљеновиќ на почетокот на вториот дел. Пикси Стојковиќ изведе скратен агол по левата страна, а Комљеновиќ беше највисок во скокот на втората статива.

Југославија беше во голем налет, а по стартот на Стам во шеснаесетникот, односно повлекувањето на Југовиќ одзади, шпанскиот судија Гарсија Аранда досуди пенал за „сините“.

Се играше 50. минута. Мијатовиќ испрати вистинска бомба од белата точка, Едвин ван дер Сар немаше шанса да го одбрани тој удар, но топката не заврши во мрежата туку во пречката.

За тој меч во Тулуз да биде еден од најнесреќните во историјата на Југословенската репрезентација, се погрижи Давидс кој од 20 метри не бранет од никој ги постави конечните 2-1 за Холандија. Топката удри во фудбалер од Југославија на патот и го измами Краљ.

Легендата вели дека пречката во Тулуз и денеска се тресе од ударот на Мијатовиќ.

Пред неколку години Мијатовиќ призна дека тоа е најлошиот момент во неговата кариера.

,,Сите ми велат: „Имаше одлична кариера, но тој пенал…“ Па, тој промашен пенал ќе ме следи додека сум жив. Некако бев сигурен дека ќе постигнам гол, не размислував премногу за поинакво сценарио. Тоа го сфатив како дел од работата што треба да се заврши. Ја спуштив топката на таа точка, го погледнав голманот. Ван дер Сар е висок голман, има долги раце, наеднаш така ми се стесни голот, размислував што да правам и решив малку да ја подигнам топката. Јас шутнав во средината, но таа ја погоди гредата и падна на земја – изјави Мијатовиќ.

The post (ВИДЕО) Цела Југославија плачеше додека се тресеше пречката – Пеналот на Мијатовиќ кој остави траума за сите времиња! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico