(ВИДЕО) Заминува во пензија без освоен НБА прстен – Мело и кажа збогум на кошарката на 38 години!

Сподели

Loading

Легендарниот американски кошаркар Кармело Ентони (38) реши да се пензионира по 19 феноменални сезони во НБА лигата!

фото: GettyImages

Популарниот Мело одлуката ја објави на социјалните мрежи, а беше 10-кратен Ол-стар.

,,Се сеќавам на денот кога немав ништо. Само топка со сон за нешто поголемо, кошарката ми беше излезот. Мојата цел беше силна, франшизите, градовите што ги претставував со гордост и фановите кои ме поддржуваа на тој пат. Засекогаш сум им благодарен на тие луѓе и места затоа што ме направија Кармело Ентони, но сега е време да се збогувам, со горко-сладок вкус во устата, збогум НБА, возбуден сум за тоа што носи иднината – изјави Кармело Ентони во својата проштално видео.

Тој неодамна беше избран во најдобар тим досега за време на прославата на 75-годишнината од НБА, и е еден од најдобрите стрелци на сите времиња.

Во НБА влезе како трет пик во 2003 година од првата рунда од страна на Денвер Нагетс, Дарко Миличиќ беше втор, а Леброн Џејмс беше прв пик.

Помина осум години во франшизата од Колорадо, а потоа помина шест години во Њујорк Никс, по што следеше едногодишен престој во Оклахома и Хјустон.

Во Портланд беше две години, а последен клуб во кариерата беше Лос Анџелес Лејкерс минатата сезона.

Ентони ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА без освоен прстен.

Двапати беше именуван во вториот најдобар НБА тим (2010 и 2013 година), а во третиот тим четири пати (2006, 2007, 2009 и 2012 година).

Го освои NCAA шампионатот со Сиракуза во 2003 година. Имаше и богата кариера во дресот на репрезентацијата на САД со три олимписки злата во низа заедно со една бронза и истото признание на Мундобаскетот.

На Олимписките игри во 2004 година во Атина беше трет, а потоа во Пекинг во 2008 година, Лондон во 2012 година и Рио во 2016 година беше златен со репрезентацијата.

Бронзата на Светското првенство беше освоена во 2006 година во Јапонија.

The post (ВИДЕО) Заминува во пензија без освоен НБА прстен – Мело и кажа збогум на кошарката на 38 години! first appeared on .

Powered by WPeMatico