Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка, со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.
Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител.
А1он објави дека трите обвинителки против кои е покрената дициплинската постапка се шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, како и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Русковска ја потврдила информацијата за отворањето на постапките.