“Да обвинуваш за кршење на статутот на партијата во моменти кога работиш за доброто не само за жителите на Чаир, туку и за сите скопјани е многу ниско.
А токму тоа го направи Бујар Османи, човек кој потекнува од Чаир и Скопје, кој треба да биде тој што треба со душа да им помогне на своите жители, бидејќи е дел од највисоката хиерархија на извршната власт, но се чини дека не му е ни гајле за народот, но му е гајле како од позиција на прекршител на статутот, каков што е самиот, да упатува обвинувања за кршење на статутот кон други,” изјави членот на Централното претседателство на ДУИ Висар Ганиу.
“И еве од тука го информирам Бујар Османи, кој е портпарол на Демократската унија за интеграција, и кој треба да ги знае сите партиски прашања, а изгледа или не ги знае или не е заинтересиран да ги знае, дека секоја коалиција или соработка и за секој детал од тие коалиции и соработки што ги правевме на локално ниво, било во изборниот период или по изборите, го консултиравме и го информиравме лидерот на партијата Али Ахмети за се и се што направивме, го направивме со неговиот амин.
Би било добро Бујар да го прашаш лидерот, оти си портпарол и штета е да не знаеш што се случува во партијата.
А за соработката со Градот Скопје што ти ја спомна во емисијата 360 Степени во Алсат, се разговараше и во централното претседателство на ДУИ и на оваа тема потпретседателот Изет Меџити и организациониот секретар Блерим Беџети дадоа појаснувања и ваквата соработка ја потврди и претседателот Али Ахмети. И многу добро те разбирам зошто токму сега отвараш ваква тема затоа што сакаш твоите прекршувања да им ги префрлиш на другите.
Уште повеќе те разбирам тебе Бујар зошто отвараш ваква тема затоа што токму ти си го прекршил партискиот статут заедно со Артан Грубин кога тајно влеговте во централното претседателство на ДУИ без да поминете никаков партиски филтер, без да бидете членови на месниот комитет, без да сте членови на огранокот и без избор од структурите. И ти повторно го прекрши статутот кога беше назначен за координатор во Чаир на 5 март.
Бујар, прекршување на статутот е кога го газиш народот со двете нозе за лични интереси, прекршување на статутот е кога надвор од статутот некого избркаш затоа што го прекршил статутот.
Не е прекршување на статутот кога правиш нешто за доброто на народот, кога ја развиваш благосостојбата на тој народ и кога се што правиш го правиш во координација со лидерот на партијата.
Статутот го прекршуваш и денеска Бујар кога обвинуваш за кршење на статутот додека работиме за нашиот народ за тие што не избрале. Народот многу очекува од вас, а не да ја играте улогата на адвокат, дали бил прекршен или не партискиот статут.
Бујар ова што го правиш и ти и тие другари министри со тебе, ни помалку ни повеќе се нарекува партиска анархија!”, додаде Ганиу.