Влада на РМ: Извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст

Сподели

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија.