Влада: Организаторот да ја надомести штетата во МНТ и да се извини на граѓаните

Сподели

 

Настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој помина во најдобар можен ред и за кој јавноста беше во целост запознаена, информира владата.

“Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува. Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење. Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување”, соопшти владата.