Влада Урошевиќ е добитник на “Роман на годината” за 2022 година

Сподели

 

Академик Влада Урошевиќ ја доби книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година, за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“.

Романот е во издание на  „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која го промовираше новиот, седми роман на писателот Влада Урошевиќ.

Книжевната награда „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

За изборот на книжевната награда одлучуваше жири-комисијата во состав: Симона Јованоска, Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева.

Во најтесниот избор за книжевната награда за 2022 година влегоа и авторите Венко Андоновски за делото „Папокот на светлината“, Живко Грозданоски за „Писмо за Глорија“ и „Столб што пее“ од Томислав Османли.