Владата е покровител на 80 годишнината од НОВ

Сподели

 

Премиерот Заев имаше средба со претставниците на Сојузот на борците, Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор делегација на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор.

На средбата претставниците ја потенцираа симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30 годишнината од прогласувањето на независност на нашата земја, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година.

По тој повод премиерот Заев ја прифати поканата да биде покровител на оваа значајна годишнина од историјата на нашата држава во чест на борците од НОВ кои со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот.

“Заедно со борците од НОВ оваа година ги славиме и значајните годишнини од поновата историја – 30 години од прогласувањето на независноста на и првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО” – изјави премиерот Заев по средбата.