Владата и СОНК договорија континуиран дијалог до постигнување заеднички договор

Сподели

 

Премиерот Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерот за финансии Фатмир Бесими, се сретнаа со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), предводена од претседателот Јаким Неделков во која учествуваа и членови на Советот на овој синдикат.

 

 

На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори.