„Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов“, соопштија од Владата.
Старата зграда е пременета за потребите на јавното обвинителство, експертите сметаат дека нема друго решение освен да се изгради нов државен објект наменет за архивот кој според првичните проценки би чинел околу 10 милиони евра.