Владата денеска ќе ја одржи редовната, 127-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони и тоа: за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.
На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија, со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој, информираат од Владата.