Владата денеска ќе ја одржи редовната 55-та седница, на која согласно своите надлежности, ќе разгледа повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе биде разгледана предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
Меѓу другото, Владата ќе донесе мислење за информацијата со предлог за преземање мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат неевидентираните лица во матичната книга на родените, а во врска со неможноста да ги остваруваат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените.
На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации.