Владата организира „голема граѓанска прослава“ за поканата за членство во НАТО, во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари в сабота, 14 јули.
„Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина“, се вели во поканата до граѓаните на фејсбук-настанот на Влада.