Владата усвои измени на Законот за дивоградби

Сподели

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, соопшти владината прес-служба.

Детали за законските измени, на прес-конференција во Владата во 14:30 часот ќе објави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Владата ја разгледува и информацијата за јавниот и државниот долг, како и повеќе извештаи за работењето на јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

На дневен ред на седницата е и Предлог – програмата за работата на Владата до крајот на декември годинава.
Пред владиниот кабинет се и информации и предлози за одлуки од различни области од економскиот и политичкиот систем, како и точки поврзани со напредок во процесот на европска интеграција, статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и за степенот на користење и имплементација на фондовите од ЕУ.