„Поминаа речиси 100 дена на лаги, неспособност и на понижување, партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и на уривање на институциите. Сто дена неработење и укинување проекти, економско тонење, задолжување, непромислени и површни потези, ова е тоа што го трпеа Македонија и граѓаните на Македонија изминатите 100 дена, ова е тоа што денеска Зоран Заев на својата прес-конференција полна со полувистини и со голи фрази свесно го премолче“. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција по отчетот на Владата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Груевски рече дека Владата дошла на власт со помош на лаги, манипулации и на интриги и дека така управува со државата.
Груевски не даде прецизен одговор на новинарското прашање дали ќе го прифати барањето на дел од членовите за реформи во партијата и за смена на лидерот.
-” Тоа се внатрепартиски работи, за кои ќе одлучуваме во партијата” – рече Груевски.