Владимир Пешевски

Сподели

peshe

„Фирмата „Фертисимо“ е регистрирана во првата половина на 2006 година и беше активна како фирма за консултантски услуги до крајот на 2008 година, пред воопшто да бидам политички активен и да стапам на функцијата вицепремиер.
Мојата професија пред да влезам во политичките води беше токму тоа, меѓународен инвестициски консултант,а во тие години живеев и работев надвор од Република Македонија, при што соработував со клиенти од земји членки на Европската Унија, па беше сосема логично дел од тие активности да се одвиваат преку фирма регистрирана во земја од ЕУ. На функцијата вицепремиер и член на Владата сум именуван во месец јули 2009 година. Од моето стапување на функцијата, активностите на фирмата се целосно замрзнати, односно од самиот почеток на 2009 година, значи неколку месеци пред воопшто и да знам дека ќе имам политичка функција. Се до ден денес, фирмата нема апсолутно никакви (нула) приходи“

Владимир Пешевски