Владина делегација во работна посета на Тирана за работните групи во рамките на Отворен Балкан

Сподели

 

Владината делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, националните координатори за Отворен Балкан Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори денеска и утре во Тирана ќе имаат интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.

На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи.