ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи резолуција за преговорите со Бугарија

Сподели

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи резолуција за дефинирање и заштита на македонската позиција во преговорите со Бугарија, најави лидерот на партијата, Христијан Мискоски.

Според Мицкоски, ова не е документ на ВМРО-ДПМНЕ туку резолуција во која треба да се најде мислењето на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Македонската православна црква и на МАНУ. Мицкоски вели дека резолуцијата што би се донела во Собранието ќе служи и во иднина како основна позиција за секоја Влада. Според Мицкоски, документот содржи и црвени линии во однос на македонскиот идентитет, јазик и култура.

“Оваа резолуција би имала обврзувачко дејство согласно волјата на народните избраници, а за Владата би значело оцртување во кои рамки смее таа да разговара, но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси”, изјави Мицкоски.