ВМРО ДПМНЕ-лажирана, штанца лажни вести само за да го покрие тоа што се уште нема став за клучното прашање за иднината на државата

Сподели

Секојдневното штанцање измислени, лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешните обиди за ширење паника се единствено за покривање на фактот што се уште оваа партија и нејзиното раководство нема јасен став за клучното прашање за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став и бара амнестија ама нема став за референдумот, нема став за членството во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ја пустошеше Македонија а здравството го доведе до колапс. Здравствената заштита не функционираше, немаше лекови, трудот на лекарите беше потценет, здравствените домови руинирани, а се спроведуваа криминални тендери .

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство спроведува процес за рехабилитација на здравстениот систем.

Денешните изнесени невистини од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири уште вчера беа целосно демантирани од страна на Министерството за здравство.

Како што беше соопштено споменатата невладина организација не е во функција повеќе од 1 година и никогаш нема донирала инсулин.

Донацијата за инсулин која се споменува е директна донација од страна на Ново Нордиск.

И најважно од се, нема инсулин во Република Македонија кој е со краток рок. Граѓаните може да бидат спокојни.

ВМРО ДПМНЕ-лажирана е целосно прочитана од граѓаните и ова штанцање невистини и лажни вести не поминува.

Време е опозицијата да се разбуди од сонот на лажни вести и да се приклучи на реалноста.