Државата и граѓаните останаа без 100 милиони евра од ЕБОР во време на криза, поради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра.
Причина за сопирањето е блокирање на законот за таа намена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги вратат парите на граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ.
Како ниедна опозиција во светот, како ниеден политичар во светот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да помогнат тие дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза.