ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска ќе продолжи со блокирање на крстосници во периодот од 15 до 17 часот.
Тоа се крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда.