ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници. Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски е номиниран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, за тетово кандидат е Горан Манојловски. За Прилеп го предлага актуелниот градоначалник Марјан Ристески, за Брвеница- Стојан Тодоровски, за Демир Капија- Трајче Димитреиев, за Новаци- Лазар Котевски. Предложените кандидати ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, вели генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.

„Кандидатите кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ со својата посветеност, одговорност и темелност кон работата ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, унапредување на комуналните услуги, подигање на нивото на квалитет на инфраструктурата и континуиран просперитет на општините кои ги водат или ќе ги водат во период кој што доаѓа. Доказ за тоа се обемните програми кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации“- нагласи Мицковски.

“Ние нудиме концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност. Ние за разлика од СДС не нудиме лаги и манипулации кои на крајот од секој мандат се паметат како нереализирани ветувања и празни зборови на хартија”, изјавија од партијата.