ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката Царовска

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Според партијата, причината е стратегијата за мигранти и бегалци. Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев изјави дека граѓаните и општините не биле консултирани и запознаени со стратегијата на министерството.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера соопштија дека нема да се градат станови и кампови за бегалци и нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.