Сите лаги на СДС за лидерската, СДС сее лаги, за да протне предавства, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Прво лага е дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени под бугарски диктат, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ понуди два предлози со кои се зачувува Македонскиот идентитет, јазик и историја, а истовремено се забрзува евроинтеграцијата, а тоа се уставни измени со одложено дејство, кои би стапиле на сила кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.
Второ лага е дека ВМРО-ДПМНЕ ретарира. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ е многу конзистентна и јасна, уставни измени под бугарски диктат не прифаќа, единствено се можни со одложена примена, за да се заштити Македонскиот идентитет, јазик и историја, но и државата од нови уцени на патот кон ЕУ.
Трето лага е тврдењето на Ковачевски дека треба да се промени преговарачката рамка доколку се прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство.
Четврто лага е дека нема да има нови блокади од Бугарија доколку не се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е дека ако не се добијат гаранции од европските институции или не се гласаат уставни измени со одложено дејство, блокади секогаш може да има.
СДС брутално лаже зошто не ја дава ДУИ во опозиција по цена и на предавство на државата, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.