ВМРО-Народна партија уште во 2019 година предложи модификување на веќе истрошениот модел на „техничка влада“ со скратување на времетраењето на истата поради одземање на премногу време и намалувањето на просторот за работа на претходно избраната власт.
Овој пат ВМРО-Народна партија предлага целосно укинување на моделот на „техничка влада“ поради неуставното одземање на временскиот период (од три месеци) на легитимно избраната власт, а со тоа и скратувањето на просторот за работа.
Уште позагрижувачки е што ваквиот модел го руши и имиџот на „зрела држава“ особено поради фактот што РС Македонија е земја – кандидат за членство во Европската унија, простор во кој мора да се преслика работа на демократски созреана држава која е спремна да се носи со демократските предизвици, а водена од демократските принципи врз кои функционира и се управува, се наведува во соопштението на ВМРО-Народна партија.