Внатрешноста на пештерата Врело-Матка ќе се осветлува

Сподели

Пештерата Врело на Матка ќе се осветлува. Советот на Град Скопје одобри 1 милион денари за осветлувањето на внатрешноста на пештерата, што претставува една третина од вкупната вредност на проектот, кој е поддржан од Бирото за регионален развој.

Носител на проектот за осветлување ќе биде Центарот за развој на скопскиот плански регион.

Досега беше осветлен дел од прештерата со струја од агрегати и на посетителите не им беа откриени сите нејзини убавини.

Град Скопје неколку години се обидува овој локалитет да го направи главна туристичка понуда на градот.