Во акциска контрола санкционирани 84 автобуси што вршат превоз на ученици

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на државава, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед, а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола,  три санкции за нерегистрирани возила…

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуват сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.