Вести Свет

Во бомбашки напади во Пакистан, 18 загинати и 92 повредени лица

Сподели:

pakistan-napadi1Најмалку 18 лица загинаа, а 92 се повредени во два одвоени напади во Пакистан, кои се случија во период од неколку часа.

Дванаесет лица денеска загинаа, а 52 се повредени откако две бомби експлодираа пред зграда на окружниот суд на северозападот на Пакистан, рече претставник на спасувачките служби.

– Досега пронајдовме 12 тела на адвокати, полицајци и на цивили. Покрај тоа, на самото место спасивме 52 повредени лица – рече Харис Хабиб, шеф на спасувачката служба во градот Мардан, каде се случиле детонациите.

Претходно најмалку четворица бомбаши-самоубијци нападнаа христијанска населба во племенскиот регион Кибер, во провинцијата Пахтунхва, убивајќи шест лица и ранувајќи 40 други. Одговорноста за овој напад ја презедоа талибанците.

Војската соопшти дека се убиени четворица напаѓачи кои носеле елеци со експлозив и огнено оружје.

Извор:Meta.mk

Сподели: