Грчката полиција во Серес уапси Македонец по кој се трага за криумчарењње и шверц на бегалци од Грција преку Македонија кон Србија. Против уапсениот 30-годишен македонски државјанин има потерница од македонскиот Интерпол.
Според потерницата на Интерпол, Македонецот се товари за учество во организирана мрежа која пренесувала нелегални мигранти од Гевгелија, односно од грчко-македонската граница кон Србија во периодот од јануари до октомври 2014.
Уапсениот ќе одговара пред обвинителството во Солун, каде треба да се одреди процедурата за негова екстрадиција во Македонија.