Вести Свет

Во истрагата за терористичката организација ФЕТО приведени уште 18 воени пилоти

Сподели:

thumbs_b_c_78815bf6fd4509bda5848337d44a388f

КОЊА (АА) – Во рамките на продолжението на истрагата за терористичката организација ФЕТО во Турција, утринава од слобода се лишени 18 воени пилоти осомничени за поврзаност со таа терористичка организација, која на 15 јули изврши неуспешен обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Државниот обвинител во Коња во четвртокот издаде налог за приведување на вкупно 73 воени пилоти, кои се товарат за поврзаност со организацијата ФЕТО, меѓу кои и 71 потполковници и два полковника.

Во досегашните операции во 17 турски области, приведени се вкупно 63 пилоти.

Во тек е продолжението на полициската операција со цел приведување на преостанатите осомничени од листата налози за приведување.

ФЕТО е терористичка организација позната како „Паралелна државна структура” , бидејќи во сите турски институции инфилтрираше свои поданици и со посредство на нив работеше на рушење на државниот поредок на таа земја.

Таа терористичка организација на 15 јули изврши неуспешен обид за воен удар во Турција, по што официјална Анкара од САД формално побара привремено апсење и екстрадиција на основачот и водачот на таа организација, Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.

Сподели: