Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија се одржa промоција на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски.
На настанот посветен на македонскиот писател, новоиздадената преведена книга беше претставена од страна на бугарскиот издавач и книжевен критичар Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“), како и од преведувачите Маријан Петров и Тања Попова.
Преведувачката Тања Попова ќе ја претстави и претходната книга на Плавевски – збирката раскази „Динга стоп“.
− Македонскиот писател Владимир Плавевски раскажува за уличниот тепач од своето детство со звучниот прекар Дери Катил во романот „Боксерот од Ново маало“ (во издание на „Персеј“, во превод на Маријан Петров), кој ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година − информираат од КИЦ – Софија
Владимир Плавевски (1948 – 2023) имаше многустрана писателска кариера, вклучувајќи не само романи и раскази туку и драми, сценарија за телевизиски серии и радиодрами.