Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 9 пациенти

Сподели

 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
 
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
 
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.  
 
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК три пациентки.
 
Вкупно 260 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
 
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
 

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.