Парламентот во Малта едногласно ја усвои одлуката за намалување на возраста со која може да се гласа на избори со 16 години. Со ова Малта стана втора земја во ЕУ по Австрија која ја намали старосната граница за гласање, така што следната година на европските избори првпат можност за гласање ќе имаат и 16 и 17-годишниците.
„Парламентот едногласно ги прифати амандманите на уставот. Испишавме нова историја“, напиша премиерот Џозеф Мускат на својот твитер-профил.