Во МКЦ јубилејно 10 издание на ЗДРАВО МЛАДИ

Сподели

 

ЗДРАВО МЛАДИ полни 10 години! На 27 август во паркот на нашиот и вашиот омилен Младински Културен Центар.

Поминавме 9 лета заедно слушајќи ги најактуелните имиња на прогресивната музичката сцена, а за ова јубилејно десетто издание на #ЗДРАВОМЛАДИ настапуваат: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar, домашните Funk Shui, PMG Kolektiv и човекот без кој не би можеле да го замислиме фестивалот, ирецот – DJ FITZ!

Дел од програмата оваа година е и самостојната изложба на Sali Ertunc насловена „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“.

Десеттото издание на фестивалот на нова музика е закажано за 27 август, во паркот на МКЦ. Билетите по цена од 500 денари се достапни online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=645

Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани: https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (бр.33)

Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Град Скопје и Министерство за култура.

***Иако работиме на програмата и реализацијата на фестивалот речиси полни 10 месеци, сепак на крајот, поради ситуацијата со коронавирус пандемијата се случија и неколку измени. Имено, една од членките на музичката група Shopping е „заглавена“ во САД и тие својот настап во Скопје беа принудени да го поместат за 2021 година. Ве информираме и за уште едно програмско „пореметување“, кое нас најмногу нѐ боли. Иако ги најавивме уште во февруари годинава, поради комплицираните ковид-процедури (карантински протокол) при враќање во нивната земја, настапот на Viagra Boys го одложуваме за ЗДРАВО МЛАДИ 2021. Во непосредна комуникација и соработка со нивниот менаџмент утврдивме дека момците од бендот заслужуваат да го „раздрмаат“ Скопје без дополнителна протоколарна пресија, а Скопје ги заслужува нив во најдобро светло. Се надеваме дека ќе најдете разбирање и за нас како организатори, и за оваа нивна одлука. Сепак, шоуто мора да продолжи, би рекол доајенот на спортското новинарство Златко Калински.