Во недела многу топло, се очекува краткотраен дожд

Сподели

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Во недела ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ=9

Во понеделник, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8