Во ноќните часови ќе започнат врнежи, а на повисоките места ќе преминат во снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2).

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса, во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка од 3 до 10см. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со умерен јужен ветер. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и ќе започне да дува засилен северен ветер. На околните планини ќе има услови за повремен снег. T= 13 °C, P= 973 hPa, U= 65 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)