Во Охрид по 25. пат фестивалот за деца „Распеано рибарче“

Сподели

На сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денеска и утре (15 и 16 април) ќе се одржи 25. издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“

Во рамките на фестивалот ќе бидат изведени 23 нови детски песни, а на сцената во танцовите кореографии, заедно со триесетината изведувачи, ќе учествуваат стотина деца.

– Зад нас се над 500 изведени песни, некои и денес се пеат, а на сцената во хорот и танцовите групи магијата на јавниот настап и сцената ја осетиле  близу 3000 деца.  Фестивалот „Распеано рибарче“ одамна е бренд,  зад кој стои, пред сè, големата љубов на организаторите, нераскинливата врска со поддржувачите, мирисот на носталгијата кон минатото и одамна зацртаниот пат кон иднината“, велат организаторите.