За време на полицискиот час 22 лица не ја почитувале забраната за движење

Сподели

 

Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021), констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.03.2021) на територијата на државава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.