Во театарот „Чекори“ премиера на претставата „End&Start game“

Сподели

 

По повод 50 години од основањето на театарот „Чекори“ и 80-годишнината од раѓањето на основачот Боре Ангеловски, на 25 февруари (недела) во 20:00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда, премиерно ќе биде изведена претставата „End&Start game“.

Претставата е работена според делото „Крај на играта“ од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски-Руси.

Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.