Во Тетово запленети 30.000 парчиња пиротехнички средства

Сподели

 

 

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од ПС Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27594 парчиња разни пиротехнички средства.

 

 

Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.