Вооружен напад во црква на Јеховини сведоци во Хамбург

Сподели

 

Најмалку осум луѓе се убиени и повеќемина се ранети во пукање во центар на Јеховини сведоци во Хамбург. Полицијата проценува дека во прашање е еден напаѓач, кој веројатно е мртов, а мотивот на злосторството не е познат, пренесува Дојче веле.

Во текот на манифестација на Јеховини сведоци во Хамбург со истрели се убиени или ранети повеќе луѓе. Инцидентот се случил околу 21 часот. Полицијата во Хамбург на својата интернет страница денеска објави дека се убиени осум лица и повеќемина се повредени, а репортер на германскиот јавен сервис АРД, кој е присутен на местото на настанот, претходно синоќа јави за најмалку шест мртви и осум ранети лица. „Првичните сознанија упатуваат на тоа дека има повеќе мртви“, изјави полициски портпарол синоќа.