МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини.
Во попладневните часови се очекува намалување на облачноста. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температурата ќе се движи од четири до девет, а дневната 12 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината не очекува слично време со температурата до 15 Целзиусови степени.
Утре се очекува стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност, но во сабота повторно ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.