МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50л/м2.
Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 10 степени.
Вo сабота и во, недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови.
Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.