МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес уште едно невообичаено студено утро за овој период од годината со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -13 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Како утринските, така и максималните дневни температури ќе останат под повеќегодишниот просек за овој период од месец декември и ќе достигнат до -6 односно до 4 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес во утринските часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, во текот на денот намалување на облачноста и се повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, додека пак дневната ќе достигне до 1 степен.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок ледено утро со утрински температури од -13 до -4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и малку потопло време со дневни температури кои што ќе достигнат до -2 односно до 8 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време со благ пораст на температурите. Минималните од -8 до 1 степени, додека пак максималните од -3 до 7 степени. Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Температурите ќе бидат во пораст но и понатаму ќе останат под повеќегодишниот просек за овој период од годината. Утринските температури од -10 до -1 односно од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од -4 до 6 односно од 2 до 12 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со дневна температура до 5 степени. Во сабота зголемување на облачноста која што ќе услови потопло утро со температура од -2 степени, а во текот на денот умерено облачно време со повремени сончпеви периоди и температура до 4 степени. Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност, со напомена дека во понеделник се очекуваат повеќе сончеви периоди. Минималните температури од -10 до -1, односно од -8 до 1 степен додека пак максималните дневни температури од 2 до 12 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните пм 10 честички насекаде е во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Битола 97 микрограми на метар кубен, Кочани 77, Тетово 76, а во Скопје вредностите се движеа од 40 до 95 микрограми на метар кубен.
Денес, на северната полутопка и во Македонија, во 17 часот и 28 минути и календарски ни започнува зимата. Во исто време, на јужната полутопка започнува летото. Воедно, денешниот ден на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината, а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден. Ноќта пак помеѓу четврток и петок, ќе биде најдолга за 2017 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.
Зимата ќе трае 89 дена и астрономски ќе заврши на 20 март 2018 година во 17 часот и 15 минути.