ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурите ќе достигнат до 24 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови.

Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и на почетокот од наредната работна седмица.