ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.