ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

Во Македонија ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температутра ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 21 степени.