МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, a дневната температура ќе се искачи до 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено засилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони.
Утре попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.
Во понеделник од 10 до 19, во вторник од 9 до 18 и во среда од 8 до 17 степени.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 утре, во сабота од 27 до 34, во недела од 25 до 33, во понеделник од 24 до 32, во вторник од 25 до 32 и во среда од 26 до 33 степени.