ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а дневната ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

Во следниот период ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.