МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 12 до 22 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а наместа и за 15 степени. Од утре наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која наместа ќе се спушти и околу нулата.
Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.